ПОЧЕТНА
ЗА КОКИНО
  Света Пл.
  Опсерваторија
  Календар
  Затемнување
  ГАЛЕРИЈА
  РАЗГЛЕДНИЦИ
  ИНФО
  КОНТАКТ
      КОКИНО како ОПСЕРВАТОРИЈА (1)

      Мегалитската опсерваторија Кокино се наоѓа на две платформи при што секоја од нив има свои карактеристични содржини. Должината на опсерваторијата е околу 90 метри, а ширината околу 50 метри.
      Троновите се највпечатливата содржина која на прв поглед се гледа на локалитетот. Тие како што веќе кажавме се така направени што се ориентирани во насоката север – југ, па затоа човекот кој седи на престолот е ориентиран кон исток и кон источниот хоризонт. Оттаму потекнала и идејата на археолозите дека од ова место се набљудувале небесните тела кои изгревале на хоризонтот. Но, астрономските мерења и анализа покажаа дека троновите се свето и обредно место и не се поврзани со астрономските набљудувања.            
      За да се одговори на прашањето зошто ова место е древна опсерваторија, треба да се потсетиме на основните карактарестики на движењето на Сонцето и Месечината. Во текот на една календарска година Сонцето и полната Месечина изгреваат на различни места на хоризонтот. При тоа има така наречени крајни точки на изгревање на хоризонтот. Тоа значи дека Сонцето во зима кога денот е најкус, или во денот на зимската краткодневица (22 декември) изгрева најјужно на хоризонтот. Потоа, секој ден, тоа оди кон север и во денот на пролетната рамнодневица (21 март) Сонцето изгрева точно на исток. Сонцето продолжува да се движи кон север, должината на денот се зголемува и во денот на летната долгодневица (21 јуни) Сонцето ќе изгрее најсеверно на хоризонтот. Потоа Сонцето се враќа назад и во денот на есенската рамнодневица (23 септември) повторно ќе изгрее точно на исток, а  22 декември ќе го заокружи циклусот со  изгревање во точката на зимската краткодневица. Секој внимателен набљудувач на Сонцето тоа лесно може да го забележи и да ги маркира местата на изгревање на Сонцето во деновите на зимската краткодневица, пролетната и есенска рамнодневица и летната долгодневица.


>>Следна>>

  Opservatorija 1
Престоли.
Opservatorija 2
Координатите на маркерот и Сонцето во денот на долгодневницата.
Opservatorija 3
Изгревање на Сонцето во денот на долгодненицата.
Opservatorija 4
Изгревање на Сонцето во денот на рамнодневницата.
 
 

 
 
MID
МАКЕДОНСКО ИСТРАЖУВАЧКО
ДРУШТВО


ИЗРАБОТКАТА НА ОВАА ВЕБ
СТРАНА Е ПОДДРЖАНА ОД
СТРАНА НА АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА ВО СКОПЈЕ, МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ АМБАСАДОРСКИОТ ФОНД ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО
 

Valid XHTML 1.0 Transitional

 
1